Connect with us

Тиквеш се жали на судењето против Македонија ЃП: Помошните судии не уништија, а живеат во Ѓорче Петров!

Македонскиот прволигаш Тиквеш се жали на судењето на денешниот меч против Македонија ЃП. Кавадарчани во реакцијата велат дека посебно се оштетени од помошните судии кои живеат во истата населба каде егзистира клубот Македонија Ѓорче Петров. „Лавовите“ го добија мечот со 1-0, со голот на Ермедин Адем.

Во реакцијата на Тиквеш, се вели…

На натпреварот коj се одигра денес на стадионот во Ѓорче Петров, нашиот клуб е драстично оштетен од судиската тројка на чело со Пилешков и неговите помошници Костадинов и Петрески. Во 53. минута од натпреварот нашиот фудбалер Наумчески Стефан добива директен црвен картон за бизарна причина и тоа спречување акција кон голот, но на снимката која е во прилог ЈАСНО се гледа дека нашиот фудбалер не само што ја „удира“ топката туку и е два метра надвор од опасниот простор. На оваа одлука главниот судија досудува фаул и вади жолт картон, меѓутоа првиот помошен судија по директна сугестија му кажува дека треба да додели директен црвен картон.

Да напоменеме дека помошните судии на денешниот натпревар не само што доаѓаат од Скопје, туку живеат во истата населба каде што се одигра и натпреварот. Тие исти судии можеме да ги гледаме и на официјални УЕФА натпревари каде што ја претставуваат пред се ФФМ, но и Македонија.

Не само оваа одлука, на денешниот натпревар НИЕ бевме во многу наврати ОШТЕТЕНИ од судиската тројка.
И на крај сакаме да прашаме зошто денешниот натпревар кој беше најавен пренос на ТВ ФФМ не беше во целост пренесуван и на моменти беше во прекин поради „технички проблеми”?

И покрај се, ГФК Тиквеш нема да се откаже од својата цел, а тоа е опстанок во Првата лига и ќе се бори до крај со овие неправди!

Со почит,
ГФК ТИКВЕШ 1930 АД КАВАДАРЦИ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови