
Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со градење на ростерот за наредната сезона, а еден од фудбалерите кој ќе остане дел од клубот е Даниел Миловановиќ. 26-годишниот офанзивец го продолжи договорот со тимот од Кавадарци до крајот на сезоната 2025/26.
Иако Миловановиќ имаше активен договор кој важеше уште шест месеци, двете страни постигнаа согласност за продолжување на соработката за дополнителен период, што е знак за довербата која клубот ја има во неговите квалитети.
Миловановиќ е талентиран играч, кој во својата кариера настапуваше за неколку клубови, италијанскиот Масесе, Брера, унгарскиот Залаегерсег, како и Тиквеш, каде што се етаблираше како важен дел од тимот.
Со неговото останување, Тиквеш добива континуитет и сигурност во офанзивната линија во пресрет на новите предизвици во домашното првенство.
Претходно, договорите ги продолжија и Александар Мишов и Кристијан Стојкоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аврамовски двоен стрелец во триумфот на Сиваспор (ВИДЕО)
