
После Роналдо, летово во Саудиска Арабија би можеле да отпатуваат многу фудбалери од Европа. Се шпекулира со имиња, а последен во низата кој би можел да замине на долг пат и да ја заврши кариерата во Саудиска Арабија е 38-годишниот стопер на Челси, Тијаго Силва.
Бразилецот има договор со лондонскиот клуб до 2024 година и се зборуваше дека тогаш ќе ја заврши кариерата, но сега има понуди од одредени клубови од Саудиска Арабија.
Секако дека и Челси многу ќе се чуди бидејќи Силва е се уште под договор.
Најголем дел од понудите за 1+1 година доаѓаат од Саудиска Арабија со силна финансиска инјекција, што секако би било предност.
Искусниот бразилски дефанзивец не добиваше нови понуди, но ќе видиме што ќе се случи ова лето.
Нема сомнеж дека сакаат да создадат исклучително силна и популарна лига во Саудиска Арабија, а парите ќе им бидат најмалиот проблем.
Тијаго Силва му се приклучи на Челси во август 2020 година од ПСЖ. Зад себе има богата кариера, а покрај Челси и ПСЖ го носеше и дресот на Милан, Флуминенсе, Динамо Москва, Порто и на Јувентус.
За репрезентацијата на Бразил одигра 113 натпревари и постигна седум гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс
