Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Тијаго Алкантара, наскоро би можел да се врати во својот роден клуб Барселона, пишуваат медиумите во Шпанија. Фудбалерот од средниот ред сѐ уште нема запишано минутажа за „црвените“ од почетокот на сезоната во Премиер – лигата поради постојаните повреди кои го мачат.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изрази надеж дека Тијаго, сепак, ќе може да се опорави за време на репрезентативната пауза до 21 октомври.
И тогаш, сепак, Тијаго Алкантара најверојатно нема да има стартно место во тимот на Клоп. Се чини дека тој ќе биде неговиот трет избор по летните пристигнувања на Доминик Шобошлаи и Алексис Мекалистер.
Договорот на Алкантара со Ливерпул истекува на крајот од сезоната и во моментов нема изгледи за негово обновување. Тоа значи дека во следното лето, Тијаго ќе биде слободен агент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













