Академија Пандев остана без бодови на последното гостување во Велес против Борец, но уште поголем проблем за тренерот Тренчовски претставува повредата на најдобриот фудбалер на „пандевци“, Љупче Дориев. Македонскиот репрезентативец настрада при еден дуел со противнички фудбалер, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за посериозна повреда на менискусот на коленото. Згора на тоа, Дориев има и истегнување на лигамент и за него есенската полусезона е завршена.
Покрај Дориев, повреда во Велес заработи и фудбалерот за врска, Ѓорѓи Стоилов. Кај него ситуацијата не е толку сериозна како кај Дориев, има истегнување на бутниот мускул и ќе мора да мирува целосно во следните десетина дена. Потоа Стоилов ќе се вклучи во тренажен процес и на него тренерот Тренчовски нема да може да смета околу три седмици.
Академија Пандев утре го игра реваншот од осминафиналето во Купот на Македонија против Осогово, а в недела во рамките од Првата лига ќе го пречека тимот на Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













