
Марк Андре Тер Штеген ќе биде на голот на Германија за дуелот со Македонија. Селекторот Јоаким Лев на денешната прес-конференција најави дека нема да направи премногу промени во тимот во однос на претходните средби со Исланд и со Романија, но дека Тер Штеген ќе добие шанса од првата минута на мечот со Дуизбург.
„Ќе продолжиме со речиси истиот тим од претходните средби. Тер Штеген ќе се најде на голот против Македонија. Медицинскиот тим изврши контрола врз сите фудбалери, Робин Госенс тренираше со полна пареа и ќе биде во комбинација за настап“ – рече селекторот на Германија Јоаким Лев.
Повредата е минато за 28-годишниот голман, па тој ќе се врати на фудбалските терени во репрезентативниот дрес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal