
Тео Хернандез со години е еден од најдобрите леви бекови во Европа, а откако во 2019 година пристигна во Милан од Реал Мадрид, стана практично незаменлив во тимот. Сепак, оваа сезона трпи сѐ повеќе критики во дресот на „росонерите“ и најверојатно ќе си замине на крајот од сезоната.
Французинот успеа да постигне 33 гола и да забележи 44 асистенции на вкупно 247 одиграни натпревари за Милан, освојувајќи ја титулата во Серија А во сезоната 2021/22.
Како што стојат работите, раководството на Милан одлучило да го продаде Тео Хернандез во летниот преоден рок, но само ако пристигне соодветна понуда.
Претходно овој месец, англиските медиуми објавија дека Манчестер Сити води интензивни преговори со Хернандез и Милан за трансферот на овој врвен лев бек.
Сепак, во приказната влезе Реал Мадрид, што го принуди Манчестер Сити да се сврти кон други цели, а на врвот на листата желби на Пеп Гвардиола би можел да се најде Андреа Камбијасо од Јувентус.
Покрај овие два клуба, за Тео Хернандез се распрашуваше и Манчестер Јунајтед, но тие исто така не успеаја да го убедат да ја продолжи кариерата во Премиер – лигата.
Според шпанските медиуми, самиот Тео Хернандез јасно ставил до знаење дека сака да се врати во Мадрид ова лето и кариерата да ја продолжи токму во Реал.
Тео Хернандез две години беше дел од Реал Мадрид, но не успеа да се наметне и да остави длабока трага на „Сантијаго Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
