Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Tен Хаг, имаше тешка задача да се обиде да им објасни на медиумите за срамниот пораз од Ливерпул со 7-0. „Црвените ѓаволи“ го претрпеа најлошиот пораз во последните 92 години, а и самиот Тен Хаг за првпат во својата тренерска кариера доживеа пораз со ваков резултат.
„Мислам дека одигравме добро во првото полувреме, но погрешивме во организацијата во одбраната непосредно пред паузата. Во вториот дел не бевме ние на теренот. Нашиот настап не беше на нашите стандарди. Не игравме тимски. Нашиот став не беше професионален. Дефинитивно сум многу лут“, прокоментира Тен Хаг.
„Непријатно сум изненаден, бидејќи во последните недели и месеци го гледав тимот расположен и со желба за победа на секој натпревар. Во второто полувреме со Ливерпул немаше ништо такво. Не се држевме до нашиот план и не си ја завршивме работата“, истакна Холанѓанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













