
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше многу разочаран по ремито против Севиља (2-2) во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа. Англискиот клуб водеше со 2-0, но во последните минути домашните фудбалери си постигнаа два автогола.
„Натпреварот беше во наши раце. Водевме со 2-0 и требаше да постигнеме трет, па дури и четврти гол. Сè беше до нас, но неколку принудни промени ни ги расипаа плановите. Рафаел Варан се повреди, а Антони Марсијал долго време не беше во стартниот состав и не издржа 90 минути. Го заменив и Бруно Фернандеш, но затоа што имаше жолт картон“, објасни Тен Хаг.
„Постепено ја загубивме контролата над играта. Потоа дојде повредата на Лисандро Мартинез, која не остави со 10 играчи на теренот. Лоша среќа е што си постигнавме два автогола, но мора да прифатиме дека такви работи се случуваат“, изјави Холанѓанецот.
За Ерик Тен Хаг ова беше натпревар број 50 на чело на „црвените ѓаволи“. Неговиот ефект вклучува 35 победи, седум нерешени натпревари и осум порази.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
