
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше разочаран по поразот од Баерн Минхен (0-1) во последното коло од групата А на Лигата на шампионите. Овој пораз конечно стави крај на учеството на „црвените ѓаволи“ како во ЛШ, така и воопшто во Европа.
Сепак, Холанѓанецот смета дека неговиот тим одиграл добро и не заслужил да загуби.
„Не успеавме да одиме понатаму. Имавме неколку добри натпревари, но тоа не беше доволно. Мислам дека овој наш настап беше многу добар. Не заслуживме да загубиме, но се случи токму тоа. Стоевме цврсто во одбраната, имавме добра организација и успешно притискавме. Се соочивме со силен тим. Баерн, дури и кога не игра брилијантно, може да реши натпревар со индивидуална акција на некој од своите играчи. За жал, токму тоа и се случи“, изјави Тен Хаг.
„Сакам да бидеме поконстантни во нашите настапи. Јас сум менаџер и морам да го подобрам тимот. Морам да ги водам, но и играчите треба да ја сносат својата одговорност. Мораме да го направиме тоа заедно”, додаде Холанѓанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?
