Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, најверојатно ќе одбие да го преземе тимот на Борусија Дортмунд, бидејќи не сака да започне нов проект среде сезона, пренесува „Билд“. Денеска, „жолто-црните“ го отпуштија досегашниот тренер Нури Шахин по уште еден неуспех на тимот и вчерашниот пораз во Лигата на шампионите.
Првично, Тен Хаг се сметаше за главен фаворит за позицијата на Шахин, но тоа веќе не е случај.
Германските медиуми тврдат дека сега списокот со потенцијални замени е предводен од Нико Ковач, кој пред неколку години го водеше Баерн Минхен.
Планот е Нико Ковач да го преземе тимот до крајот на сезоната, а потоа да се направи избор за долгорочно решение. Привремено, тренер на „жолто-црните“ ќе биде Мајке Тулберг, кој досега го водеше тимот до 19 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













