Connect with us

Тен Хаг го остави Санчо надвор од составот и за овој викенд

Џејден Санчо повторно е изоставен од составот на Манчестер Јунајтед. Ова го потврди Ерик тен Хаг на прес-конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер – лигата.

„Санчо повторно не е вклучен во групата. Само од него зависи кога ќе се врати. Ние останатите се подготвуваме за следната средба, тоа е нашиот фокус”, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Според стратегот на Манчестер Јунајтед, крилниот напаѓач останал надвор од составот поради лошото издание на тренинзите.


Санчо јавно одговори и ги отфрли ваквите тврдења. Оттогаш овој конфликт го изолира да тренира сам без да игра натпревари со тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови