Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, е најновото име што се поврзува со тренерската позиција во Рома. Според медиумите во Италија, Холанѓанецот, како и поранешниот менаџер на Челси, Грем Потер, имале разговори со сопствениците на Рома, кои претпочитаат да назначат странски тренер за наследник на отпуштениот Иван Јуриќ.
Според „Газета дело Спорт”, назначувањето на Тен Хаг би било потешко бидејќи тој ќе бара плата слична на онаа што ја добиваше во Јунајтед. Изданието тврди дека спортскиот директор Флоран Гисолфи се залага за враќање на Даниеле де Роси, но сопствениците не се согласни.
Потрагата продолжува, а многу е веројатно дека и оваа недела нема да биде објавен новиот тренер на Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













