Connect with us

Тебас: Гол – технологијата е неисплатлива инвестиција за Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, објасни зошто не е исплатливо да се воведува технологија на гол-линијата во шпанскиот шампионат.


„Тоа не е совршена технологија и тоа е првата причина. Но, има повеќе од тоа: таканаречените „голови на духови“ се постигнуваат три или четири пати во сезона и кога ќе се додаде дека овој систем не е 100 % ефикасен, вредноста станува превисока. Тоа значи инвестиција од околу 5-6 милиони долари за да може да се користи еднаш или двапати во сезоната“, изјави Тебас за „Марка“.

Темата стана актуелна по Ел Класико во неделата поради контроверзната ситуација пред голот на Реал, кога Ламин Јамал ја упати топката кон голот, а голманот на Реал, Андриј Лунин, ја отстрани од гол – линијата. Синките на ВАР не покажаа дали топката ја минала гол-линијата и голот не е признат. Ова беше една од клучните ситуации на натпреварот кој Реал го доби со 3-2, а Барселона по средбата недостатокот на технологија на гол-линијата го дефинира како срам за фудбалот.

Според Хавиер Тебас, поефикасно решение би било да се инсталираат повеќе камери за да им се помогне на судиите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови