Connect with us

Тасевски: Македонија ЃП сака куп-трофејот да го врати во Ѓорче Петров

Академија Пандев пред три дена ги однесе бодовите од Ѓорче Петров совладувајќи ја Македонија ЃП со 1-2 во првенствената битка. Двата гола беа дело на Марио Крстовски, а „пандевци“ успеаја да излезат од опасната зона на табелата.

Во Ѓорче Петров денеска повторно дуел на истите ривали, но овојпат битка за пласман во финалето на Купот на Македонија. Тренерот на Македонија ЃП, Жикица Тасевски, вели дека „лавовите“ сакаат да го вратат куп-трофејот во витрините.

„Македонија ЃП сака да го врати куп-трофејот во Ѓорче Петров. Не очекува тежок и неизвесен натпревар, битка за финале против Академија Пандев. Пред три дена имавме првенствено соочување, извлековме поуки од тој пораз и се надеваме дека овојпат ние ќе се радуваме. Академија Пандев е одличен тим и ќе мораме да одиграме беспрекорно доколку сакаме да избориме пласман во финалето“, изјави Жикица Тасевски.

Академија Пандев е во победнички ритам и верува дека и денеска ќе успее повторно да слави во Ѓорче Петров.

Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови