
На „Алијанц арената“ во Минхен се одигра еден од најдраматичните натпревари на ЕВРО 2024, на кој Словенија и Србија завршија со резултат 1-1. Словенците поведоа кога Жан Карничник постигна гол во 69. минута, но Србија израмни во буквално последните секунди на натпреварот во 95. минута преку Лука Јовиќ.
Капитенот на Србија, Душан Тадиќ, за разлика од селекторот Драган Стојковиќ и останатите соиграчи, беше критичен по натпреварот.
„Дефинитивно, измешани чувства. Сакавме три бода, но влеговме многу внимателно, да не речам плашливо во натпреварот. Словенија имаше иницијатива, дури имаа и некои шанси. Ние имавме шанси во продолжението, многу промашивме за наши стандарди. Можевме да дадеме два или три гола и тогаш се случи нивниот гол. На крајот освоивме бид, и сè уште сме во игра. Тимот не се предаде и покажа карактер. Сега останува да извлечеме поуки. Словенија е добра екипа, играат директен фудбал. Сè е јасно, сега ни треба победа против Данска“, изјави Душан Тадиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski