Ал-Ахли Каиро и Интер Мајами одиграа без голови 0-0 во воведниот натпревар од Светското клупско првенство. Дуелот беше од групата А на турнирот.
Во стартниот состав на Интер Мајами се најдоа Лионел Меси, Луис Суарез и Серхио Бускетс. Во првото полувреме беше поништен гол на египетскиот гигант, а Трезеге промаши пенал. Во второто полувреме, американскиот клуб беше подобар на „Хард Рок Стејдиум“ во Мајами.
Очекувано, церемонијата пред почетокот на натпреварот беше мошне раскошна, што го одложи официјалниот старт за околу десетина минути.
На почетокот на натпреварот Ал-Ахли имаше подобри шанси за гол. Во деветтата минута, Емам Ашур излезе сам пред голманот, но не успеа да реализира. Малку подоцна, Трезеге шутираше над голот.
По половина час игра, Весам Абу Али го совлада Оскар Устари, но погодокот беше поништен поради офсајд.
Две минути пред крајот на првото полувреме, „црвените ѓаволи“ добија пенал поради непромислен потег на Томас Авилес. Трезеге го изведе пеналот, но неговиот удар беше одбранет од Оскар Устари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













