Connect with us

Суперталентот пред трансфер во Турција: Трабзон и Бешикташ наддаваат за Бесар Гуџуфи

Турските клубови Бешикташ и Трабзонспор се во трка за ангажман на суперталентираниот Бесар Гуџуфи, офанзивецот на Беласица кој со 16 години настапува во Првата фудбалска лига. Тој е поранешен играч на Вардар кој замина од клубот по хаотичните случувања и се реши кариерата да ја продолжи во Беласица, да добие шанса за прволигашка минутажа и најверојатно да направи голем трансфер ова лето.

Турскиот весник „Сабах“ открива дека претставници на Бешикташ веќе биле во Македонија да зборуваат со младиот фудбалер и со неговите родители, а во трката е и Трабзонспор. Сумата изнесува околу 400.000 евра, а може да достигне и половина милион евра со финансиите за тренинг – компензација.

Гуџуфи во Турџија е најавен како нов суперталент по Елиф Елмас, кој на 17 години од Работнички се пресели во Фенербахче.

Тимови

Advertisement

Facebook