Новиот европски шампион Пари Сен Жермен е прв фаворит за освојување на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во 2025 година, според суперкомпјутерот на „Опта“, реномирана компанија за спортска статистика.
„Опта“ ги објави своите прогнози за шансите на 32-те клубови кои ќе учествуваат на турнирот, базирани на над 10.000 симулации. Францускиот гигант ПСЖ, кој за првпат ќе настапи на овој турнир, има најголема веројатност да го освои трофејот – 18,5%.
Парижаните ќе играат во групата Б, заедно со Атлетико Мадрид, бразилскиот Ботафого и американскиот тим Сиетл саундерс. Својот прв натпревар ќе го одиграат на 15 јуни, против Атлетико – вториот европски претставник во групата. Според прогнозите на „Опта“, ПСЖ има над 90% шанси да обезбеди пласман во осминафиналето.
Зад ПСЖ, како следни најголеми фаворити за титулата се рангирани: Манчестер Сити со 17,8%, Баерн Минхен со 12,8%, Интер со 12,3%, Реал Мадрид со 9,8%.
Од јужноамериканските гиганти, Палмеирас и Фламенго имаат минимални шанси – само 0,3% за освојување на првенството, според моделот на „Опта“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













