
Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски одигра блескав натпревар за АЕК Ларнака во дуелот против Ермис (3-1). Тој беше стрелец на хет – трик, и тоа само за 22 минути во првото полувреме од дуелот.
Супер Тричпко погоди во 23.минута за израмнување на резултатот откако Ермис изненадувачки поведе со голот на Арсенио Валпорт. Шест минути подоцна Триковски направи целосен пресврт, а во 45.минута погоди и од пенал за водство од 3-1. На крајот тоа беше и конечен епилог на мечот.
Даниел Мојсов беше стартер за АЕК Ларнака, а Стефан Спировски влезе во игра во 67.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal