
Манчестер Јунајтед направи пресврт и стигна до триумф од 3-2 против Нотингем Форест, иако по само четири минути имаше негатива од два гола.
Авонији и Боли во втората и во четвртата минута го шокираа „Олд Трафорд“, но Кристијан Ериксен ја врати надежта во 17.минута.
Кашемиро израмни на 2-2 во 52.минута, а гостите во 67.минута останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Ворол.
Бруно Фернандеш од пенал го донесе триумф за „ѓаволите“ во 76.минута од мечот.
Арсенал и Фулам одиграа 2-2 во лондонската пресметка. Андреас Переира во првата минута искористи грешка и донесе водство за Фулам, а Арсенал долго се обидуваше да направи пресврт. Букајо Сака израмни од пенал во 70.минута, а три минути подоцна Еди Нкетија се погрижи за пресврт. Сепак, Палиња во 87.минута погоди и не дозволи триумф на Арсенал.
Вулверхемптон го победи Евертон на гости со 0-1, со голот на Саша Калајџиќ во 87.минута, а Брентфорд и Кристал Палас одиграа 1-1.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Голем пресврт на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Шчесни го спаси Јувентус од пораз во Бергамо
