
Сослушувањето за 115 наводни прекршувања на финансиските правила на Премиер – лигата од страна на Манчестер Сити ќе започне во понеделник. Клубот беше обвинет дека направил серија финансиски неправилности во период од девет години, почнувајќи од 2009 година.
Случајот беше одложуван, но на крајот сега е јасен точниот датум кога ќе започне. Доколку биде прогласен за виновен, клубот може да се соочи со високи казни. Најтешката казна е можно исфрлање од Премиер – лигата. Други опции се одземање бодови и сериозни парични казни.
Истрагата започна откако „Der Spiegel“ објави документи од „Football Leaks“ во 2018 година кои покажаа како сопствениците ги пренасочувале парите кон клубот преку фиктивни спонзорски договори со кампања од ОАЕ.
Манчестер Сити жестоко ги отфрла сите обвинувања. Се очекува конечната одлука за случајот да биде објавена на почетокот на 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
