
Струга Трим Лум го пречекува тимот на Академија Пандев во еден од најинтересните натпревари од денешната програма во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Стружани немаат победа на пет последовни натпревари и го посакуваат скалпот на „пандевци“.
„Максимално сме подготвени и на дуелот против Академија Пандев влегуваме со јасна цел. Сакаме победа. Ако ги испочитуваме задачите на тренерот Захариевски, верувам дека можеме да оствариме победа. Академија Пандеви има одличен тим, но ние сакаме да ја прекинеме лошата серија и едноставно мораме да освојуваме бодови“, вели Мухарем Сухељ.
Скопје на домашен терен ќе ја пречека Ренова. „Гипсарите“ ќе се обидат да го следат чекорот на Шкупи, но Скопје игра посебно добро на домашен терен.
Шкендија на домашен терен го пречекува Тиквеш и е голем фаворит, а Работнички ќе се обиде да стави крај на лошата серија на дуелот против Борец во Велес.
Во Битола, Пелистер ќе ја бара првата првенствена победа против Македонија ЃП.
Вчера, лидерот Шкупи ја зацврсти предноста на врвот со убедлив триумф над Беласица.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 12. КОЛО (14 часот)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ
Струга: СТРУГА ТРИМ ЛУМ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Битола: ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: СКОПЈЕ – РЕНОВА
ВЧЕРА: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 5-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
