Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум ја замени Струга за Драч, за да ја реализира втората фаза од подготовките. Тимот на Срѓан Захариевски во Албанија ќе има многу подобри услови за подготовки, а покрај тренинзите планирани се и две тест – средби, против косовските екипи Фероникели и Дрита Гњилане.
Стружани задржаа најголем дел од тимот кој играше во есенскиот дел од шампионатот, а во опција за засилувања доаѓаат само квалитетни фудбалери кои би го подигнале нивото на составот. Наредните десетина дена од подготовките Срѓан Захариевски ќе ги посвети на подобрување на брзинската издржливост и на воигрување на екипата за вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













