Connect with us

Струга ТЛ не ги искористи шансите, Брејдаблик славеше во Охрид (ВИДЕО)

Македонскиот првак Струга Трим Лум го загуби првиот дуел против Брејдаблик (0-1) во плејоф колото за пласман во групите од Конференциската лига. Иако беше подобар ривал и создаде повеќе шанси, сепак, не ги искористи, а гостите на крајот си заминаа со минимален триумф од „Билјанини извори“.

Стрелец на победничкиот гол беше Хоскулдур Гунлаугсон во 35.минута. Тој во соло пробив влезе во шеснаесетникот од десната страна и шутираше силно во спротивниот агол.

Претходно, Буњамин Шабани постигна гол, но не беше признат поради фаул над голманот.

Убави шанси имаше и Бесарт Ибраими, но на крајот сепак Брејдаблик обезбеди предност пред реваншот на Исланд за седум дена. Струга ТЛ може да жали и за 72.минута кога Хоган Укпа ја погоди гредата од противничкиот гол.

Во судиското продолжение, Струга ТЛ остана и со играч помалку откако црвен картон заработи Ванѓел Згуро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови