
Лидерот Струга Трим Лум ќе има нова шанса за поправен испит против „лавовите“ од Ѓорче Петров кои пред неколку кола одиграа 0-0 крај езерото, а стружани не реализираа два пенали. Сега Македонија ЃП доаша и без тренерот Муарем Бајрами кој замина од кормилото со спогодбен раскин на договорот.
Младиот напаѓач Христијан Малески верува дека тимот нема да ги повтори промашувањата од таа средба и ќе забележи победа пред својата публика.
„Против Македонија Ѓорче Петров ќе дадеме сè од себе да не ни се повторат промашувањата како во нашата последна меѓусебна пресметка, кога не реализиравме ниту од единаесет метри. Атмосферата во тимот е добра, особено по победата над Шкупи, па веруваме дека ќе остане така и по оваа средба“, изјави Малески.
На Чаир, скопски дуел меѓу Шкупи и Работнички. Тимот на Гоце Седлоски е пред императив да победи за да остане во трка за титулата, а и Шкендија се надева дека во Тетово ќе го совлада составот на Академија Пандев.
Брегалница, која е во добра форма, треба да го потврди тоа на мечот против Победа во Штип.
Вчера, Силекс славеше против Скопје со 3-1, во првиот меч од 23.коло во Првата фудбалска лига.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО – (Денеска, 14 часот)
Струга ТЛ – Македонија ЃП
Шкупи – Работнички
Шкендија – А. Пандев
Брегалница – Победа
Вчера: Силекс – Скопје 3-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Евро-фудбал
Нов проблем за Барса, се повреди и Феран Торес

Втора лига
Панче Стојанов е нов тренер на Беласица

Млади репрезентации
Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро
