Connect with us

Струга ТЛ испиша историја, ја освои првата шампионска титула

Струга Трим Лум е нов шампион на Македонија, откако со денешниот триумф против Силекс од 3-0 оствари недостижна предност пред конкурентите на две кола пред крајот на шампионатот. Тоа е историки успех за клубот кој е формиран во 2015 година и кој експресно дојде до тронот во македоонскиот фудбал.


Бесарт Ибраими во 42.минута го доведе тимот на Шпетим Дуро во водство, а Буњамин Шабани на почетокот на вториот дел реализираше пенал за удвојување на предноста. Истиот фудбалер уште еднаш се запиша меѓу стрелците во 77.минута, за делириум во Струга.


Во дербито на екипите кои важеа за главни конкуренти за титулата, Шкупи ја совлада Шкендија на Чаир со 2-1. Ералдо Чинари со проектил го изненади домаќинот во 17.минута, но израмни Сандеј Адетунџи во 28.минута. Триумфот за Шкупи го донесе Дарко Илиески со погодокот во 77.минута. Чинари не успеа да реализира и пенал за израмнување.

Работнички и Брегалница одиграа „луд“ натпревар кој заврши 5-4 во корист на „романтичарите“.Додев и Андонов отворија за 0-2 за Брегалница, а потоа Работнички постигна три гола за водство на полувреме преку Рушевиќ, Мисердовски и Гандо Биала.

Мазари со одличен гол зголеми на 4-2, возврати и Брегалница, но Рушевиќ постигна петти гол за Работнички. На крајот, Николов го постави конечниот резултат.

Македонија ЃП со седум гола ја „поздрави“ испаднатата Победа. Арби Воша ја отвори серијата со два гола, потоа стрелаше Филип Мишевски, а до крајот на првиот дел гостите си постигнаа и автогол. Во второто полувреме уште три гола во мрежата на Победа за „седумка“ на стадионот на ФФМ.

Тиквеш одигра одлично против Академија Пандев и победи со 1-4. Глигор Дончев донесе водство за гостите од Кавадарци, а Едиз Спахиу зголеми на 0-2. Кристијан Велиновски ги врати „пандевци“ во игра, но во финишот Александар Мишов со два гола го реши победникот.

ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ


СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 3-0


ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2-1


РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 5-4


АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТИКВЕШ 1-4


МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 7-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови