Connect with us

Струга ТЛ и Шкендија сигурни, Брера го доби Работнички, а „лавовите“ изненадија во Гостивар

Актуелниот шампион Струга Трим Лум ја победи Воска со 3-1 во „езерското дерби“ и повторно излезе три чекори напред на табелата во Првата лига. Стружани го совладаа тимот на нивниот поранешен тренер Срѓан Захариевски.

Воска издржа на „нула“ едно полувреме. Во 55.минута, Стјеповиќ доби црвен картон за стартот над Радески, а Струга ТЛ доби пенал што го реализираше Бесарт Ибраими. Четири минути подоцна Струга ТЛ постигна нов гол за 2-0 преку Хоган Укпа.

Марушиќ намали во 63.минута, но Бесарт Ибраими стави точка на триумфот со својот втор.


Шкендија славеше против Брегалница со 4-1. Ване Крстевски го отвори резултатот во шестата минута, а Фитон Адеми во 17.минута зголеми на 2-0. Аденис Шала во 55.минута постигна трет гол за Шкендија, а Селмани почесен гол за Брегалница. Конечниот резултат го постави Аганспахиќ во 89.минута од мечот.

Брера го победи Работнички со 2-1 на стадионот „Кукуш“ во Турново. Атдхе Мазари во 13.минута од пенал донесе предност за „романтичарите“, но во 30.минута Урош Стамениќ го искористи подарокот од Кагиму и израмни на 1-1. Победничкиот гол за Брера го постигна Ибрахим во 74.минута од дуелот.

Македонија ЃП го победи Гостивар на гости со 1-4 и се врати во живот во битката за опстанок. Крсте Велкоски од пенал донесе водство за „лавовите“ во 14.минута, но потоа и Ланре Кехинде реализираше пенал за 1-1, во 30.минута.

Ѓорѓи Стоилов во 43.минута повторно носи предност за Македонија ЃП, а гостите го потврдија триумфот со уште два гола во мрежата на гостиварци. Џонатан Балотели и Никола Величковски беа стрелци за убедлив триумф на Македонија ЃП на ова гостување.

Вчера, Шкупи го победи Вардар со 3-0, а Тиквеш и Силекс ремизираа 1-1.

ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – ВОСКА 3-1
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 2-1
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 4-1
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-4
ШКУПИ – ВАРДАР 3-0
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-1

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови