
Пари Сен Жермен повторно киксна и одигра само 3-3 против Стразбур на „Паркот на принцовите“ во спектакуларен меч исполнет со голови, борба и драма до самиот крај.
Тимот на Луис Енрике не успеа да ја прекине мини-кризата во шампионатот и запиша втор натпревар по ред без победа. Дуелот на браќата Дезире и Гуела Дуе беше вистинска атракција, но вечерта ја одбележа Диего Мореира, кој одигра маестрално за гостите.
Парижаните тргнаа фуриозно и уште во седмата минута поведоа преку Бредли Баркола, кој прецизно го матираше Пендерс. Сепак, радоста траеше кратко – Хоакин Паничели ја искористи слабоста во одбраната и во 26. минута израмни на 1-1. Пред полувремето следеше шок за домаќините – Мореира со фантастична реакција по додавање од Барк донесе пресврт и водство од 1-2 за Стразбур.
Гостите не застанаа тука. Веднаш по стартот на второто полувреме, Мореира повторно се најде во центарот на вниманието – овојпат како асистент. Паничели повторно беше стрелец за 1-3, што ги замолкна трибините на „Паркот на принцовите“.
ПСЖ се разбуди во 58. минута, Гонсало Рамош сигурно реализираше пенал по прекршок над Дуе и го намали резултатот на 2-3. Натпреварот тогаш се претвори во еднонасочна игра, целосен притисок на домаќините, кој конечно се исплатеше во 79. минута, кога Сени Мајулу со многу среќа ја смести топката во мрежата за 3-3.
Во финишот, ПСЖ нападна со сите сили, но Пендерс беше херој за Стразбур со неколку блескави интервенции.
По ова реми, Пари Сен Жермен останува лидер со 17 бодови, но само еден повеќе од второпласираниот Стразбур (16) – доволен знак дека во Лига 1 оваа сезона ништо нема да биде лесно, дури ни за шампионот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
