
Шпанскиот напаѓач Микел Ојарзабал долго време ќе биде надвор од терените, а во опасност е да го пропушти и Светското првенство оваа зима во Катар. Тој се здоби со сериозна повреда на на тренинг откако ги скина лигаментите на коленото, соопшти клубот Реал Сосиедад.
Ојарзабал ќе мора да прави операција на коленото, а рехабилитацијата ќе трае меѓу 6 и 9 месеци. Ова значи дека голгетерот или ќе го пропушти Светското првенство или едноставно нема да биде во топ форма. Светското првенство во Катар годинава ќе се одржи во ноември и декември поради високите летни температури.
„Микел Ојарсабал вчера на тренингот на тимот ги скина вкрстените лигаменти на левото колено. На направените тестови јасно е воочливо кинење на предниот вкрстен лигамент. Тој ќе биде опериран во наредниот период“, се вели во официјалното соопштение на клубот од Сан Себастијан.
24-годишниот фудбалер е еден од најдобрите играчи во Ла Лига оваа сезона. Тој за баскискиот клуб постигна 15 гола на 33 натпревари во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Прва лига
Стефан Спировски се врати во Пелистер

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
