Connect with us

Страшна повреда на саудискиот фудбалер, кралот со приватен авион го испрати во клиника во Германија

Репрезентативецот на Саудиска Арабија, Јасер Ал-Шахрани, заработи страшна повреда на вчерашниот натпревар против Аргентина. Денеска пристигнаа резултатите од ултразвукот на неговиот череп и вести кои јасно потврдуваат дека мундијалот во Катар е завршен за него.


На почетокот на судиското надополнување, Аргентинците испраќаа долги топки во шеснаесетникот на Саудиска Арабија, голманот Ал Овaјс ја фати топката, но при скокот со колено директно во глава го удри несреќниот Ал Шахрани.

Работата да биде уште полоша, освен што доживеа тежок нокаут, Ал Шахрани и незгодно падна со главата на земја.

Веднаш загуби свест, но судијата Винчиќ направи кардинална грешка и не ја прекина веднаш играта, иако тоа мораше да го направи според правилата.

Ал-Шахрани беше изнесен од стадионот на носилки и итно бил префрлен во болница, а денешните вести пренесуваат дека престолонаследникот Мохамед бин Салман одлучил играчот да биде пренесен со приватен авион во Европа, односно во клиника во Германија.

Според дијагнозата, Јасер Ал-Шахрани се здобил со скршеници на вилицата и неколку коски на лицето, како и внатрешно крварење.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови