Connect with us

Стоп за насилството: Грчкото првенство до 12 февруари ќе се игра без публика

Натпреварите од грчкиот фудбалски шампионат ќе се играат без публика до 12 февруари со цел да се запре насилството што го придружува грчкиот фудбал, соопшти денеска владата на земјата.

Сите натпревари од грчкото првенство ќе се играат зад затворени врати во следните два месеци, односно до 12 февруари“, изјави владиниот портпарол Павлос Маринакис.

Одлуката е донесена по најновото насилство и судири меѓу навивачите и полицијата на одбојкарски натпревар во Атина. Во таа прилика еден полицаец бил тешко повреден и завршил во кома.

Грчките хулигани често користат натпревари во „ситни“ спортови за конфликти, поради помалата безбедност и послабото присуство на органите на редот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови