
Макфудбал во Вадуц,
Македонската фудбалска репрезентација денеска од 15 часот на „Реинпарк“ стадионот во Вадуц ќе го започне новиот квалификациски циклус за Светското првенство 2026. Противник е селекцијата на Лихтенштајн, против која имаме убедлив биланс – 10 победи во 11 меѓусебни дуели.
Во атмосфера на тага во државата по трагичните настани во Кочани, нашите репрезентативци ќе излезат на терен со желба да победат. Ќе играат во спомен на настраданите.
Селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди вчера јасно порачаа – одиме на победа! Сѐ друго, против ривал како Лихтенштајн, е рамно на пораз.
Очекувањата се за победнички старт, по можност и со нова „чиста мрежа“, со што ќе продолжи неверојатната серија на голманот Столе Димитриевски, кој веќе има 531 минута без примен гол.
Македонија е без пораз на официјални квалификациски натпревари од 17 ноември 2023, кога загубивме во Рим од Италија. Оттогаш имаме седум натпревари без пораз – пет победи и две ремија. Денес целта е јасна – шеста победа во низа и повторно без примен гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
