МАКФУДБАЛ во Гент,
По ремито без голови против Белгија, Столе Димитриевски го оцени мечот како исклучително тежок, но потенцираше дека одбраната на Македонија била беспрекорна.
„Беше навистина тежок натпревар на белгиски терен. Тие имаа одлична офанзива и постојано нè притискаа, особено при нашето излегување од прва во трета зона. Сепак, дефанзивно одигравме без грешка и можам да кажам дека одбраната ни беше перфектна“, изјави Столе.
Голманот потоа се осврна и на претстојниот дуел со Казахстан.
„Од самиот старт на квалификациите сме фокусирани на победа. Натпреварот со Казахстан ќе биде тежок, но играме дома, пред нашата публика. Сега ни треба одмор и добра подготовка, за да одиграме квалитетен меч и да ги освоиме трите бода“, додаде Димитриевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













