Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ изјави дека неговата селекција ја очекува тешка група на Светското првенство во Катар. „Орлите“ ќе го отворат турнирот против Бразил, а потоа следуваат натпреварите со Камерун и со Швајцарија.
„Тешка група, имаме ривали кои мораме да ги почитуваме, но пред се треба да се почитуваме себеси. Ни претстои мини турнир, три натпревари кои треба да ги одиграме на највисоко ниво. Во секој случај, тешка група , но не се плашиме, сакаме предизвик и мислам дека ќе успееме. Многу сум среќен што ќе играм против Бразил. Кој и да дојде на стадион ќе ужива.
Сите селекции се квалитетни, сите се силни, моќни, имаат свој потенцијал, но тука е и Србија. Значи, ќе видиме. Сакаме пласман во нокаут фазата. Како што ги одработивме квалификациите на одличен начин, така мораме да бидеме подготвени за овој мини турнир. Имаме наша цел и ќе направиме се за да дојдеме до неа, без разлика на името на ривалите“, изјави селекторот на Србија, Драган Стојковиќ.
Тој претходно во текот на денот истакна дека Србија нема да дојде во Катар да се сонча и да ги посетува плажите, но по ждребот е свесен дека работата ќе биде се освен лесна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













