
Херојот во победата на Брегалница на гостувањето во Битола, Мартин Стојанов вели дека тимот воопшто не се опушта по убедливиот триумф над Пелистер, затоа што шампионатот е долг, а „сините“ на секој следен натпревар сакаат да бидат што подобри.
Стојанов постигна два погодоци под „Тумбе кафе“ во триумфот од 0-3, а тоа ќе биде дополнителен мотив за следните предизвици.
„Секако дека сме задоволни од одличната игра и трите бода во Битола. Но, тоа не смее да донесе никакво опуштање затоа што Брегалница мора да игра се подобро на секој следен натпревар. Не чекаат уште многу предизвици оваа сезона“ – вели Стојанов.
Веќе во петок, „сините“ ги очекува гостување против Шкупи во Скопје.
„Јасно е дека не чека најтешкиот натпревар против најдобрата екипа во лигата. Но, наше е повторно да одиграме максимално ангажирано. Со еден таков однос сигурно и резултатот нема да изостане. Имаме повеќе од доволен мотив против лидерот на табелата за вистинско надигрување“ – истакнува Мартин Стојанов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
