Беласица оствари победа (2-0) над Детонит на стартот од третиот круг на натпреварувањето во Втората лига Исток. Струмичани го задржаа курсот во борбата за пласман во елитата, а вчера играа и во чест на Зоран Коцевски, прерано починатиот навивач, член на „Ајдуците“.

Тренерот Александар Стојанов е задоволен од триумфот.
„Честитките одат кон нашите фудбалери, тие покажаа карактер и кога беше најтешко беа истрајни и стрпливи, а тоа резултираше на крајот со победа и заслужени три бода на нашето конто. Првото полувреме го одигравме во мал грч, под одреден притисок од важноста на натпреварот затоа што секој изгубен бод во третиот круг е заостанување во борбата за висок пласман и затоа овие млади играчи во првото полувреме тешко се носеа со тоа. Сепак, на полувремето одредени инструкции вродија со плод и постигнавме брз гол кој беше пресуден за понатамошниот тек на натпреварот каде дојде до израз нашата препознатлива игра и доминиравме во секој поглед. Благодарност до навивачката група „Ајдуци“, Беласица со нив и без нив не е истиот тим. Победата ја посветуваме на прерано починатиот навивач од навивачката група „Ајдуци“, Зоран Коцевски“, изјави тренерот на Беласица.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













