Connect with us

Стивен Џерард ќе биде нов тренер на Енис Барди?

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, пристигна во Истанбул каде ќе преговара со раководството на турскиот шампион Трабзонспор за преземање на тренерската позиција. Клубот моментно разгледува различни опции за нов тренер, а поранешниот играч од средниот ред на Англија е фаворит број 1 за оваа функција.


Во моментов Трабзонспор е без претседател, а раководните операции во клубот ги извршува потпретседателот Ертурул Доган и токму тој во последните денови имал разговори со Џерард. Новиот претседател на Трабзонспор се очекува да биде избран на 26 март.


Кандидат за претседателската функција е Доган, а според медиумите во Турција доколку биде избран, назначувањето на Џерард за тренер на тимот е речиси сигурно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови