
Второто коло од новиот шампионат во Прва МФЛ ќе стартува со дуелот во Кавадарци меѓу екипите на Тиквеш и Вардар. Мечот е закажан за 17 часот, а домаќинот со нетрпение го очекува гостувањето на актуелниот освојувач на Купот на Македонија и овогодинешен претставник во Европа.
Тиквеш и во првото коло беше домаќин, против екипата на Работнички, во меч кој заврши без голови. Еден од најзаслужните за освоениот бод беше голманот Христијан Стевковски, кој беше избран во идеалниот тим на колото.
„Вардар е една од најквалитетните екипи во домашниот шампионат во моментов и тоа го покажува долгата низа на мечеви без пораз. Освоениот Куп, настапот во Европа, сето тоа не е случајно. Вардар игра многу дисциплинирано и тоа за нас е дополнителен мотив да одиграме добар меч. Само доколку бидеме на највисоко ниво ќе дојдеме до посакуваниот резултат.
Вардар заслужува огромен респект и е еден од главните кандидати за шампионската титула сезонава. Сепак, Тиквеш е тим кој никој не смее да го потцени, бидејќи имаме квалитет на секоја позиција. Атмосферата во тимот е одлична и очекувам квалитетен и неизвесен меч. Секако, се надевам на огромна поддршка од цело Кавадарци, за да можеме да дојдеме до посакуваниот резултат“, изјави Стевковски за официјалниот сајт на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
