
Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, ќе биде новиот тренер на Ал-Наср по отпуштањето на Луис Кастро, објавија италијанските медиуми.
Уште денеска, 58-годишниот стручњак ќе го раскине договорот со Милан, кој требаше да истече следното лето. Клубот ќе му исплати обесштетување, но ќе заштеди на неговата нето плата од 4 милиони евра до крајот на оваа сезона. Од друга страна, во Ал-Наср Пиоли ќе заработува околу 10 милиони евра годишно, плус бонуси, и ќе има можност да тренира фудбалери како Кристијано Роналдо, Садио Мане и Марсело Брозовиќ.
Пиоли денеска ќе го потпише раскинувањето на договорот со Милан, а потоа со приватен лет ќе замине за Ријад со своите агенти.
Врвот во тренерската кариера на италијанскиот стручњак останува титулата со Милан во Серија А во сезоната 2021/22. Тој го водеше тимот на „росонерите“ од октомври 2019 до мај оваа година, водејќи го клубот во вкупно 240 натпревари.
За Пиоли ова ќе биде првпат да се проба како тренер во странство, а останатите клубови што ги водел се Салернитана, Модена, Парма, Гросето, Пјаченца, Сасуоло, Киево, Палермо, Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија
