Connect with us

Стефан Ристовски со Динамо Загреб го освои Суперкупот на Хрватска

Хрватскиот првак Динамо Загреб со трофеј ја отвори новата сезона. „Модрите“ славеа со 1-0 во Суперкупот против Хајдук Сплит.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, беше стартер во тимот на Динамо Загреб и играше до 82.минута кога на негово место во игра влезе Мохарами.

Следниот викенд стартува и новото првенство на Хрватска, а Динамо Загреб повторно е најсериозен кандидат за титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови