
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се враќа во Хрватска, но овојпат во најголемиот хрватски клуб Динамо Загреб. Тој беше член на Ријека во минатото, а сега ќе го носи дресот на „модрите“.
На последниот ден од преодниот рок, Стефан Ристовски ја прифати понудата на Динамо Загреб. Тој имаше покана лично од Здравко Мамиќ да го засили Динамо Загреб и да му се придружи на репрезентативниот колега Аријан Адеми. Конечно завршува неговата сага и неиграњето во Спортинг Лисабон. Поради одлука на тренерот тој беше префрлен во Б-тимот на португалскиот клуб.
Динамо Загреб комплетно ќе го откупи Стефан Ристовски, неофицијално, трансферот изнесува 1,5 милиони евра, а Спортинг Лисабон ќе добие и процент од идниот трансфер на македонскиот репрезентативец. Претходно, Спортинг Лисабон за продажба на Стефан Ристовски бараше отштета од 2,5 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
