Connect with us

Ставрев ќе го суди мечот Макаби Хаифа – Нефчи

Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев откако го судеше дербито меѓу Струга Трим Лум и Шкупи, повторно заминува на меѓународна сцена. Тој од Судиската комисија на УЕФА е одреден да го суди реванш мечот од Конференциската лига на Европа во Израел меѓу Макаби Хаифа и Нефчи.

На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески. Четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски. Средбата ќе се одигра во Хаифа на 26 август. Првиот меч во Баку заврши без победник 3-3.

Пред две недели Ставрев беше главен судија на Кипар меѓу Анортозис и Рапид Виена.

Advertisement

Facebook

Тимови