Челси е првиот финалист на Светското клупско првенство, кое годинава за првпат се одржува со 32 екипи. Во полуфиналниот дуел одигран во Њу Џерси, англискиот премиерлигаш не дозволи изненадување и ја прекина бајковитата приказна на Флуминенсе, славејќи со сигурни 2-0 (1-0), со по еден погодок во двете полувремиња.
Челси е активен на трансфер пазарот, каде неодамна го ангажираше напаѓачот Жоао Педро, кој токму вечерва беше јунак на натпреварот. Новото засилување од Брајтон блесна на својот прв старт како играч на „сините“.
Педро се запиша во листата на стрелци во 18. минута, кога со прецизен удар од 16 метри го матираше голманот Фабио, погодувајќи во спротивниот агол. Не го прослави голот, изразувајќи почит кон својот поранешен клуб.
Во второто полувреме, повторно Жоао Педро беше во центарот на вниманието – во 56. минута постигна уште еден мајсторски погодок и ја запечати победата на Челси.
Ривал на лондонскиот тим во финалето што ќе се игра в недела ќе биде победникот од натпреварот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, кој се игра утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













