Македонскиот шампион Шкендија вечерва ќе му гостува на ТНС, во првиот натпревар од стартното коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот на Јетон Беќири влегува во дуелот со голема самодоверба и верба дека ќе извлече поволен резултат пред реваншот што се игра за седум дена во Скопје.
„Максимално сме подготвени за предизвикот што ни претстои. Од самиот почеток на подготовките работевме фокусирано и со целосна сериозност. Убеден сум дека играчите ќе дадат максимум. Направивме темелна анализа на ривалот – и покрај тоа што нивните пријателски мечеви беа снимани со поосновна техника, сепак извлековме корисни податоци. Забележавме неколку промени во нивниот состав, но тактички остануваат доследни на својата игра. Сигурен сум дека нашите фудбалери се добро информирани и очекувам да одиграат на високо ниво“, изјави тренерот Јетон Беќири.
Капитенот Бесарт Ибраими нагласи дека ТНС не им е непознат противник.
„Го познаваме ТНС доста добро. Направивме детална анализа и ги идентификувавме нивните предности и слабости. Имаме убави сеќавања од претходните средби, особено од моментот кога успеавме да ги елиминираме. Ни претставува задоволство повторно да се соочиме со нив и се надеваме дека ќе го повториме истиот резултат,“ истакна Ибраими.
Натпреварот започнува во 20 часот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













