
Јувентус ќе го пречека Вилјареал во реванш осминафиналето на Лигата на шампионите, кој крие многу непознати. И покрај одличната форма и поволниот резултат од првиот меч (1-1), „бјанконерите“ не можат да бидат спокојни. Вилјареал е голем борец во европските натпреварувања и тоа го докажа минатата сезона со освојувањето на Лигата на Европа, а сега е амбициозен да се пробие меѓу осумте најдобри во елитното европско клупско натпреварување.
Во текот на викендот, Јуве ја победи Сампдорија со 3-1 на гости и продолжи да ги брка лидерите во Серија А, Милан, Наполи и Интер. Тимот на Масимилијано Алегри е непоразен во 12 последователни натпревари и победи на последните четири, што секако дава причина за оптимизам. Сепак, „бјанконерите“ беа елиминирани во осминафиналето во претходните две изданија во Лигата на шампионите и сега ќе мора да бидат многу внимателни да не дозволат нов предвремен неуспех.
Јувентус дефинитивно ја засили одбраната од почетокот на календарската година. Во последните десет натпревари на домашен терен, тимот од Торино прими само четири гола. Алегри вечерва нема да може да ги користи сериозно повредените Федерико Киеза и Вестон Мекени, а неизвесен е Денис Закарија по повредата на мускулот на мечот во Шпанија. Ќе отсуствува и Леонардо Бонучи, но на линија ќе бидат Пауло Дибала и Џорџо Киелини.
Нападот ќе го предводат Душан Влаховиќ и Алваро Мората. Србинот погоди во 32. секунда од мечот на „Естадио де ла Керамика“, а Мората двапати беше прецизен во успехот во Џенова пред неколку дена.
Вилјареал само двапати се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Последен пат тоа се случи во сезоната 2008/09, кога „жолтата подморница“ беше елинирана од поранешниот тим на Емери, Арсенал.
Шпанскиот клуб има свои шанси за изненадување во Торино, но ќе мора да игра многу фокусирано во одбраната. Статистиката покажува дека Вилјареал на последните 15 натпревари само еднаш не примил гол како гостин во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
