
Младата репрезентација на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија. Првиот контролен дуел го играме на 12. септември со почеток од 15 часот во Струга, на стадионот на ФК Караорман.
Два дена подоцна, на распоредот е вториот контролен меч помеѓу овие две селекции, на стадионот Елбасан Арена, во Елбасан со почеток од 16 часот.
За претстојните натпревари, селекторот Вујадин Станојковиќ, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Натаниел Димовски (Пелистер), Амар Хаџибулиќ (Работнички);
Одбрана: Андреј Велков (Академија Пандев), Анес Мелиќи (Шкендија), Огнен Дејановски (Македонија Ѓ.П.), Фљакрон Мемиши (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички), Андреј Величковски (Вардар);
Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Алмир Подграѓа (Работнички), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Мухамед Елмас (Работнички), Никола Манојлов (Работнички), Дарко Сековски (Вардар), Давор Богоевски (Победа), Даниел Коцев (Работнички), Амар Мустафа (Шкупи);
Напад: Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Аган Алиу (Шкупи);
Собирот на нашата млада репрезентација е закажан на 10. септември во хотел Милениум, во Охрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
