
Црвена Звезда одигра храбро на „Сан Сиро“ против Милан, не загуби на двата меча, но сепак доживеа елиминација од италијанскиот тим во Лигата на Европа. Пресудни беа оние 2-2 од Белград, откако синоќа во Милано мечот заврши 1-1.
Тренерот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, е задоволен од изданието на тимот и покрај поразот.
„Морам да им честитам на момците, беа храбри, достојно се бореа за дресот на Црвена Звезда. Воопшто не бев,е инфериорни. Му реков и на судијата, требаше на крајот да ги награди за упорноста и да дозволи да се изведе корнерот. Што се однесува до Милан, тие се тим со играчи од врвна класа. Ибрахимовиќ ми е како брат, но мислам дека Интер со Конте ќе биде шампион“, изјави Дејан Станковиќ за италијанските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski