Хоби Фер Плеј лига, забава за оние кои на фудбалот гледаат како опуштање и значајно натпреварување во мал фудбал за 42 екипи кои ќе се натпреваруваат за насловот во лигата. Комбинација на страст и фудбалски предизвик, можност да се почувствува и ослободи адреналинот во овој период кога сме речиси затворени во домашен амбиент.
Одлична можност за компаниите да имаат тим – билдинг со фудбалски набој.
Новото издание на Хоби лигата почнува на 29 март, а 42 тима во наредните шест месеци ќе се натпреваруваат за титулата најдобри. Натпреварите ќе се одржуваат од понеделник до петок во спортски центар Димитар Миладинов и СУГС Георги Димитров, а ќе ги судат квалификувани и лиценцирани судии.
За учесниците, а посебно за победниците, подготвени се атрактивни награди кои ќе бидат доделени за време на последната Гала, на завршувањето на сезоната во лигата.
Остануваат уште неколку места за да бидете дел од фудбалското уживање и да ја споделите страста со останатите. Пријавете се на тел. 077-526-778, информирајте се на www.hobiliga.mk
Комерцијален текст
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski