Connect with us

Спировски: Веруваме во себе и имаме поддршка од цела Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за историскиот настап на Европското првенство, а Стефан Спировски вели дека еуфорија кај фудбалерите и не е потребна затоа што се професионалци и треба да се фокусираат на подготовките.


Најважно е дека имаат голема самодоверба пред патувањето за Романија и за Холандија.


„Веруваме во себе и подготвени сме да ја израдуваме нацијата. Се подготвуваме максимално. Имаме доволно време до првиот натпревар имаме и две пријателски средби. Ќе се обидеме да направиме што подобар резултат и да се вратиме од шампионатот задоволни. Ни значи поддршката од сите луѓе, од медиумите. Верувајте Македонија ќе има многу навивачи во Кипар на Европското првенство“, изјави Спировски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови